Semac

SEMAC FASHION COMPANY е реномирана компанија за производство на висококвалитетна конфекција.

За германски клиенти со специјални барања го организираме целокупниот производен процес во сегментот на висококвалитетна дамска конфекција. Нашето приклучено одделение за декорација, кое е едно од најголемите и најмодерните од овој вид на балканските простори, овозможува облагородување на продукти од едноставно додавање на печатени мотиви, преку скапи рачни работи до комплексни везови.

На нашата локација во Штип гледаме како на успешен историјат со преку 20 годишно искуство. Нашето новопоставено производство работи по највисоки стандарди и е опремено со најмодерни постројки за производство. На површина од преку 6500 квадратни метри се создаваат текстилни производи со врвен квалитет.

Во нашата екипа од преку 300 соработнички и соработници имаме специјалисти за сите области на производство на висококвалитетна конфекција како што се градирање, кроење, конфекција, декоративни работи, пеглање како и завршна контрола со приклучено комисионирање. На тој начин сме во состојба точно да ги задоволиме сите можни барања на клиентите. Исто така можно е стручно складирање на ткаенините, додатните материјали и конечните производи во за тоа специјално опремени хали, без секакви проблеми.

Нашите одделенија за услуги ги вршат, како за нас така и за други наши партнер-компании во Македонија, меѓу другото, и сите увозни и извозни царинења како и техничкото згрижување.

Понатамошни информации преку нашата партнер-компанија СЕ-Блузен Штенау ГмбХ:
www.se-stenau.de

SEMAC FASHION COMPANY KD

Str. Goce Delcev Nr. 205
ул. Гоце Делчев бр. 205
2000 Штип
Македонија

Fon: +389 (0) 32 223 8-0
Fax: +389 (0) 32 223 8-38

E-Mail: semac@semac.com.mk

Управител:
Ance Ivanova, Mirce Bikov

локација Гугл мапс

понуди за вработување

За нашата компанија SEMAC Fashion Company постојано бараме нови соработници.
Иако актуелно не се објавени конкурси, ќе се радуваме на вашето самоиницијативно конкурирање.

Ве молиме да ја испратите потребната документација на следната адреса:

SEMAC Fashion Company KD
Str. Goce Delcev Nr. 205ул. Гоце Делчев бр. 205
2000 Штип
Македонија
semac@semac.com.mk

Ние ќе стапиме во контакт со вас.